Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Поддршка за 120 илјади млади, студенти и ученици, велат од СДСМ

-Владата предводена од СДСМ, со деветиот пакет антикризни мерки обезбедува поддршка за сите граѓани, пред се за младите, соопшти СДСМ.

„Финансиската поддршка за 120.000 млади лица е насочена кон зголемување на студентскиот, но и на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со примања, до 50.000 денари.

Над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра.

СДСМ се грижи за сите граѓани, Со СДСМ има повеќе за сите.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК