Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Прва држава сме во регионот со стратегија за развој на енергетиката

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

Вечерва во мое Куманово ги промовиравме вредностите кои носат европска трансформација на општеството.

Горди сме што надминавме тежок кризен период, од Ковид, до енергетската и економската криза. Затоа што како Влада се насочивме кон стратешко и одржливо решение во делот на енергетиката. Вложуваме во обновливи извори на енергија, во фотоволтаични централни и ветерни паркови.

Прва држава сме во регионот со стратегија за развој на енергетиката.

Членството во ЕУ ќе ја олесни интеграцијата на различни извори енергија, по цени кои нема да го оптоварат семејниот буџет. Ги усвојуваме најсовремените иновации и технологии, а се’ во интерес на подигнување на стандардот на живот за сите граѓани!

Ние сме дел од Зелениот План на Европа и затоа #НиеСмеЕвропа!🇲🇰🇪🇺, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на фејсбук.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК