Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен бегалец од затвор баран со потерница

Вчера (10.12.2023) во 22 часот на ул.„Антон Попов“ во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од Полициската станица Драчево го лишија од слобода Љ.С.(48) од Куманово, соопшти МВР.

Тој бил баран по две централни потерници, врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Куманово“ за доиздржување 10 месеци затворска казна, а бил осуден на 2 години 10 месеци за сторени кривични дела по член 236 и член 206 од Кривичниот законик и врз основа на наредба од Основниот кривичен суд Скопје за издржување на казната затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Пронајдена дрога на Граничен премин Стар Дојран, лишени од слобода две лица, следува пријава

ДЕСК

ДА НЕ ВЕ ЛАЖЕ ДЕНЕШНОТО СОНЦЕ, СИНОПТИЧАРИТЕ НАЈАВУВААТ НЕВРЕМЕ: Детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Поголема соработка и итна акција за воспоставување на одржливо управување со отпад базиран на кружната економија

ДЕСК