Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Ковачки: Системот „Безбеден Град“ го лоцирало возилото со кое била киднапирана Вања

Опозициската партија тврди дека украдениот „Цитроен“ од Панче Жежовски бил регистриран во системот на камери на „Сејфт сити“, наспроти она што го кажа Спасовски на прес-конференција дека колата на убиениот велешанец не се движела.

„Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?“ вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки тврди дека камерите на „Безбеден град“ на скопските крстосници го снимиле украдениот „Цитроен“ и на 27-ми ноември кога Вања Ѓорчевски беше киднапирана од нејзиниот дом.

„Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис? Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град“ на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?“ прашува Ковачки.

Ковачки обвинува дека имало и низа на пропусти во истрагата пред и после настаните, а Палевски и неговата група пред 7 месеци биле откриени како диво копаат артефакти и поседувале нелегано оружје и за истото не биле санкционирани.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК

Македонија за три месеци изгуби мал град: Алармот за населението одамна е вклучен

ДЕСК