25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Ковачевски: И во услови на криза обезбедивме раст на платите и пензиите, со влезот во ЕУ тие двојно ќе пораснат

„Она што е важно за нашата земја на европскиот пат на кој ја држи оваа влада растат платите и пензиите и во услови на најголема криза. Горд сум на сработеното, на она што го направивме со министрите во овие изминати години на криза, прво ковид, па енергетска криза, и сите тие треба да бидат горди на она што го направивме од аспект на економските резултати,“рече Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на отворената трибина за граѓаните од кампањата ,,Ние сме Европа“, посветена на темата – енергетикa во Куманово.

Тој посочи дека просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари што е за зголемување за околу 1000 евра во споредба со 2016 година. А минималната пензија денес е е 13.200 денари,а во 2016 година била 9000 денари. Што претставува покачување од 4000 денари.

„Просечна плата во септември оваа година е скоро 38000 денари,што е покачување од 250 евра од 2016 година кога изнесувала нешто над 22.000 денари. Во тоа време просечната плата била колку што е сега минималната. Во државата денес имаме највисока минимална плата која што е 20.175 денари,а во март ќе изнесува 22.5000 денари,“ рече Ковачевски.

Тој посочи дека ако во 2016 година биле потребни 4.5 минимални плати за една потрошувачка кошничка, денес се потребни 2 минимални плати. Резултат на кој сите треба да бидат горди, а за тоа се заслужни министрите од оваа влада и синдикатите со кои се најде заеднички јазик.

„Ова го загарнтиравме со закон и нова методдологија за постојан раст на минималната плата. И платите и пензиите во иднина ќе се зголемуваат како што се движиме по евроинтеграцискиот пат, а двојно ќе се зголемат со влезот во Европската Унија,“ рече Ковачевски.