15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ако постои инспектор кој шири информации за убиствата Спасовски вели дека ќе му побара одговорност

Истрагата се води во Обвинителството, не во медиумите, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за случајот со Вања Ѓорчевска при посетата на СВР Куманово.

На прашањата на новинарите за повеќе детали за возило на убиениот Жежовски, за тоа од кога е одземено, до кога е користено каде било во меѓувреме, Спасовски посочи дека со поднесување на кривични пријави деталите се разгледуваат таму, на основа на приберените податоци.

Тој додаде дека не би можел да сподели повеќе информации, зошто тоа не е добро за истрагата.

Посочи и дека се изнаслушани шпекулации во овој период, на политиканства и се она што произлегува од овој аспект.

На новинарско прашање дали е точно дека инспектор давал информации за истрагата на познаници и пријатели низ Скопје, Спасовски истакна дека доколку е тоа точно ќе има одговорност.

-Кога во истрага сите шпекулации ги изнесуваме во јавноста, може да се влијае на самата истрага. Тоа не е добро. За било каква активност што е нелегална, без разлика дали е инспектор или некој друг, ќе си сноси одговорност, доколку постои такво нешто, кажа Спасовски.

Вања Горчевска беше киднапирана и убиена на 27 ноември, а меѓу петмината осомничени е и нејзиниот татко.

Кобниот ден, на 27 ноември, Вања утрото во 7:27 часот го напуштила домот, со цел да стигне на час во училиштето Песталоци. Од она што досега е познато, киднаперите минута подоцна ја фатиле на приземјето, и’ ги врзале рацете и ја ставиле во вреќа за спиење. Потоа ја турнале во „цитроенот“ кој бил украден од втората жртва, велешанецот Панче Жежовски. Со возилото се упатиле кон улицата Партизански одреди, а веќе во 7:35 часот, телефонот на Вања бил исклучен. Дента во 10 часот, Вања е убиена.

Можеби ќе ве интересира

Бујар Османи ја претстави програмата за спорт: Модерна спортска инфраструктура, финансиска поддршка за спортистите и нови спортски клубови

C +

Изминатите два дена 1455 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 348 за брзо возење

C +

СДСМ: Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност

C +