Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Царината спречи обид за криумчарење на 84 часовници и 7 илјади парчиња накит

Спречен обид за кримчарење на 84 часовници Касио, како и 7.560 парчиња накит по извршена контрола од страна на царински службеници од царинските испостави Охрид и Аеродром Скопје.

-Непријавените часовниците се откриени при контрола на возило на царинска испостава Охрид кое се пријавило за увозно царинење. Имено во увозната декларација декларирани се 66 парчиња рачни часовници од марката Касио, но при контрола на стоката утврден е вишок на производи што не се опфатени со декларацијата, односно непријавени 84 часовници од истата марка.

Непријавениот накит пак, односно 7.560 парчиња обетки и 7 килограми циркони се откриени при контрола на патните торби на турски државјанин кој допатувал со авион од Истанбул. Непријавените производи се запленети, и поведени се соодветни прекршочни постапки, соопшти Царинска управа.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК