17.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Во 2028 година Македонија ќе биде членка на ЕУ?

Македонија ќе стане членка на Европската унија во 2028 година. Ова го изјави вчера премиерот Димитар Ковачевски во интервју за „360 степени“ на МРТ1.

Ковачевски рече дека во следниот мандат ќе биед влезот во ЕУ, односно до 2028 година.

Тој е убеден дека победник на изборите ќе биде СДСМ и коалицијата.

-На претседателските избори на 24 април победник ќе биде претседателскиот кандидат предложен од СДСМ и коалицијата која што се залага за европска интеграција на Северна Македонија. На парламентарните избори на 8 мај на вториот круг на претседателски избори победник ќе бидат и претседателот предложен од СДСМ и коалицијата предводена од СДСМ и јас повторно ќе бидам мандатар. И тоа ќе бидат и претседател на Република Северна Македонија и Влада со кои што Република Северна Македонија ќе стане полноправна членка на ЕУ, рече Ковачевски.

Социјалдемократите деновиве на Извршен одбор на партијата иницираа формирање на Европски фронт. Целта е членство во ЕУ до 2030 година.

Партијата ги повика да се приклучат сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, граѓани, сите кои го поддржуваат европскиот пат

Ковачевски во вчерашното интервју додаде дека од другата страна има антиевропска коалиција.

-Од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата, посочи Ковачевски, осврнувајќи се на позициите кои ги имаат опозициските партии кои активно ги блокираат евроинтеграциите и одлуките врзани со уставните измени.

Премиерот во интервјуто истакна дека инсистирањето на опозицијата да се укине Пржинската Влада е најдобриот можен комплимент за СДСМ и за Владата, имајќи го предвид фактот дека Пржинска влада е воведена со меѓународна посредништво по тешки преговори во Пржино, а како решение за политичката злоупотреба на државните институции и избори од страна на ДПМНЕ.

-Ние уште подолго време нема да видиме како изгледа ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт, бидејќи на следните избори победничка ќе биде коалицијата предводена од СДСМ, истакна Ковачевски во вчерашното интервју.

Спонзорирано: