Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Европски фронт за европски животен стандард и европски вредности

-СДСМ започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители коишто го поддржуваат членството во ЕУ, соопшти СДСМ.

„Европски фронт за европски стандарди и европски вредности, за подобар, достоинствен живот дома, со повисоки плати и пензии, повеќе пари за граѓаните, подобар животен стандард, подобро образование, здравство, социјална сигурност, владеење на право и унапредена демократија.

СДСМ ги повикува сите политички субјекти, невладини организации, граѓански здруженија, активисти, сите кои иднината на земјата ја гледаат како полноправна членка на ЕУ да се приклучат во Европскиот фронт, за заедничко остварување на стратешката цел – членство во ЕУ до 2030 година.

Пред нашата земја и пред сите граѓани е историска шанса за продолжување на европскиот пат и полноправно членство во ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет.

СДСМ е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали официјално го отвори 11-тиот ЕУСАИР Форум во Скопје

ДЕСК

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УХМР со вонредни најави за времето

ДЕСК

(фото) Царинска управа: Златна плочка вредна 4,5 милиони денари пронајдена во чевел на патник на граничен премин Богородица

ДЕСК