26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Најдобар начин да се реши корупцијата е евроинтеграцијата: Интервју на Независен.мк со Едвард Џозеф

Едвард Џозеф, кој извонредно добро ја познава ситуацијата во Македонија, вели дека дека најдобар начин да се реши прашањето на корупцијата е евроинтеграцијата на земјата. Во разговорот за „Независен“ тој вели дека со евроинтеграцијата корупцијата можеби нема да исчезне, но реформите што ќе треба да се прават систематски ќе го јакнат судството и другите институции и ќе бидат фактор за промена. Џозеф, кој сега сега предава на Школата за напредни студии на Универзитетот Џон Хопкинс, ја советува македонската влада да отиде во Собранието и да го врати назад она што го смени во Кривичниот закон и „тоа ќе биде најдобриот потег што може да го направи пред изборите“.

Во интервјуто тој го дообјаснува својот текст од октомври објавен во магазинот на неговиот факултет и предлогот за биде формирана меѓусебно американско-македонска историска комисија. Џозеф вели дека министерот Бујар Османи или премиерот Димитар Ковачевски треба да отидат во САД и да кажат дека им се допаѓа оваа идеја и дека би сакале да ја видат формирана оваа заедничка историска комисија.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Извор: Nezavisen.mk