Centar.mk
фото Centar.mk
БИЗНИСвест

Добра вест за студентите: Државата ќе им подели по 400 евра за летување или зимување

Власта најавува нова помош за студентите, и тоа во вид на ваучери за одмор.

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека студентите ќе бидат поддржани со нова мерка – ваучери за посета на туристички места во земјава.

За тоа ќе бидат наменети 64 милиони денари и најпрво ќе бидат опфатени околу 3 до 4 илјади студенти, а потоа се очекува бројот да се прошири.

Како што претходно беше објавено, ссо мерките за превоз,треба да бидат опфатени над 15 илјади студенти кои студираат надвор од нивното место на живеење.

Во зависност од пресметаните трошоци за превозот, тие ќе добиваат ваучери за превоз во износ од 600 до 1.200 денари. Надоместокот ќе го добиваат во наредните седум месеци односно до крајот на академската 2023/2024 година.

Можеби ќе ве интересира

Дали машините ќе одлучуваат наместо луѓето? Вештачката интелигенција отвора големи прашања

ДЕСК

Стан во Скопје станува невозможна мисија: Младите сè подалеку од свој дом

ДЕСК

Дали знаете како е да живеете во страв за парчето леб? 10.000 работници од игрите на среќа порачаа дека нема да бидат жртви на политички игри

ДЕСК