21.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Амбасадорката Дир се заблагодари на Дерала и Андоновски за учеството на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив

Украинската амбасадорка Лариса Дир, во објава на социјалните мрежи им се заблагодарува на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски за нивното учество на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив, Украина.

„Голема благодарност до Џабир Дерала и Јoван Андоновски, кои учествуваат на Меѓународната конференција „Слобода или страв“, посветена на 75-тата годишнина од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, што се одржува во Кијив на 7 декември“, пишува во објавата на Х, амбасадорката Дир.

Во Кијив, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“.

На конференцијата ќе бидат учесници високи политички претставници од ЕУ, кои ќе се обратат со свои говори во текот на дводневната конференција. Учествуваат и двајца претставници од Северна Македонија, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски.

Меѓународната конференција „Слобода или страв“ е посветена на 75-тата годишнина од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права. Целта е да се консолидираат напорите на меѓународната заедница, државните и невладините сектори за заштита на човековите права.

На конференцијата учесниците ќе разменат искуства за креирање нови пристапи за заштита на човековите права. На настанот ќе се приклучат: претставници на украинските власти; омбудсмани и претставници на национални институции за човекови права од целиот свет; меѓународни организации, амбасадори и претставници на јавни организации. Организатори на настанот се Кабинетот на Омбудсманот на Украина заедно со Кабинетот на Претседателот и Министерството за надворешни работи на Украина.

Извор: Frontline.mk