8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Сотировски: Секоја верска заедница мисли дека другата е фаворизирана, се трудиме да нема недоразбирања, бележиме прогрес во таа насока

„Секоја верска заедница мисли дека другата е фаворизирана и дека е во поповолна положба. Но, ако ги видите од страна, свесни сте дека практично сите чувствуваат слични проблеми. И се трудиме да нема недоразбирања во таа смисла, повеќе или помалку успешно, но има задоволителни односи. Изминатата деценија постојано е со благ прогрес којшто е видлив. Изминатата година успешно формиравме прва група на пријателство помеѓу овие два субјекти. Со акцент на младата генерација на верски службеници, затоа што тука е иднината. Младата генерација верски службеници утре треба да работи со народот“, изјави Даријан Сотировски директор на комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Тој смета дека досега во неговиот мандат немало предмет една вера да се фаворизира на сметка на друга.
„На теренот забележителен е квантитет на верски храмови, наместо квалитет, односно полни храмови. Знам за повеќе случаи кога локалното население ја притиска својата верска заедница за да подигне верски храм, паѓа од горе надолу на терен таа одлука. Кога зборуваме за етничка припадност имаме во еден етникум и интер и интра религиски односи. Што се однесува до македонскиот народ, тој во доминантна мера е православен, но имаме и Македонци кои се од католичка и исламска вероисповед, од протестантска, тие не се помалку Македонци“, посочи Сотировски.

На новинарското прашање дали има„Едно општество за сите“, Сотироски смета дека колку и да е станато флоскула којшто некој ја злоупотребува во јавниот дискурс, не е прашање можно ли е да има, туку мора ли.

„Јас мислам дека мора, не затоа што некој ни наметнал туку затоа што е потреба на сите нас што живееме. Мора да разбереме дека споделуваме слични вредности, намерно не велам исти, бидејќи културата обоила некоја нијанса на различност“, појасни Сотировски.
Тој во своето интервју заклучи дека тие што живееме на ова поднебје тука, најблиски сме едни на други.