Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Приведен полски државјанин, пронајдена поголема количина на лекови без соодветна документација за потекло и за транспорт

Вчера во 16.25 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Полициско одделение Сарај, поточно во близина на езерото Треска, приведен е Л.В.П.(59), полски државјанин. Тој бил затекнат со патничко возило „мерцедес“, со полски национални ознаки, а при извршена проверка било констатирано дека нема пријавен престој во државата, додека при преглед во возилото била пронајдена поголема количина на лекови во форма на таблети без соодветна документација за потекло и за нивен транспорт. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ПРЕД СУД – Се бара усогласување на 140-те денари со инфлацијата

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Банкротирањето на Еуростандард банка во време на СДС е класичен пример дека СДС и Филипче сакаат банки да пропаѓаат, граѓаните да останат без своите пари, а државата ништо да не направи

ДЕСК

ВЛАЖНИ ПАТИШТА И ОПАСНОСТ ОД ОДРОНИ – АМСМ со предупредување за возачите

ДЕСК