14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

МАРИЧИЌ од ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО БРИСЕЛ: Северна Македонија да оди напред кон ЕУ со превземање на одговорноста за усвојување на уставните амандмани

Заменикот претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ заедно со Претседателот на Владата Димитар Ковачевски учествуваа на денешната работна средба со европратениците на групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент.

На средбата европратениците се сложија дека движечката определба на групата на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент е клучна за реализација на планот за проширување на Европското семејство.

Во различни изјави беше напоменато дека исклучително сложената геостратешка ситуација произведе препораки со кои е донесена Резолуцијата за проширување, заснована на препораките од Конференцијата за иднината на Европа имајќи ги предвид и постоечкиот контекст, предизвиците и повеќекратните кризи со кои се соочуваат Унијата и светот како целина.

Заклучокот беше дека социјалдемократската политика претставува предводник за мирот, спроведувањето на демократијата, владеењето на правото и благосостојбата во Европа за сите земји кои биле опфатени со претходните проширувања.

Во дискусијата пратениците се согласија дека Европскиот фронт е сигурна патека за водење на земјите од Западен Балкан кон успешно вклучување во Европската Унија. Прогресивната алијанса на Европа е движечка сила која му носи просперитет на општеството истовремено го зацврстува, гради во економски стабилна и сигурна средина.

Европратениците ја истакнаа важноста на превземањето на обврските на македонскиот парламент кој во овие важни моменти потребно е да ја превземе одговорноста со усвојување на уставните амандмани и овозможување на државата да оди напред кон реализација на европската агенда и полниправно членство во ЕУ.

За крај европратениците и посакаа на македонската делегација да се придружат на европарламентот и тоа час поскоро, истакнувајќи дека Северна Македонија припаѓа на Европското семејство, без сомнение дека Северна Македонија ќе успее да биде дел од Унијата до 2030 година, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.