Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Две лица тешко повредени во сообраќајка во Штип

Вчера околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од С.Т.(78) од Штип и товарно возило „ман“, управувано од Д.Н.(64) од Пробиштип, двете со штипски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни пореди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговата сопатничка Ц.Т.(77) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК