Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Маричиќ: Ние се бориме да ја спасиме државата од национализам, од конфликт и од омраза

„Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што сум убеден дека ќе успееме, заедно со граѓаните демократи“ напиша на неговиот Фејсбук профил вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ од Брисел.

Тој во Брисел учествуваше на семинар на тема: „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ во организација на пратеничката група Социјалисти и демократи од Европскиот Парламент.

„Денеска од Брисел порачуваме дека прогресивната агенда е неопходна за проширувањето на ЕУ. Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира европската интеграција, како за Северна Македонија така и за земјите од Западен Балкан“ порача Маричиќ.

Тој додаде дека нема да се дозволи било кој да ја враќа државата во тунелот во кој се наоѓавме 11 години.

Можеби ќе ве интересира

Одобрен Обвинителен акт против седум лица и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица

ДЕСК

Остатоци од замрзнат снег на овој патен правец – Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ДРСКА КРАЖБА СРЕДЕ БЕЛ ДЕН ВО ЗЛАТАРА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ: Лишени од слобода двајца романски државјани

ДЕСК