Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Коциќ: Никогаш порано пред 2017 година не била набавувана биолошка терапија за пациентите на Онкологија и покрај тоа што постоела на светскиот пазар

„Ние повикавме пациенти кои се лекувале во 2015 година, беа повикани и директори кои рабоителе и пред 2019 година, министри кои биле министри пред 2017 година, тоа е повторно груба манипулација со јавноста дека ние сме ја разгледувале само 2021 година. Што е нивната интенција, да се обвинат тие што набавиле терапија, што обезбедиле биолошка терапија за пациентите, а да се заобиколои тоа што никогаш порано пред 2017 година не била набавувана биолошка терапија за пациентите на Онкологија и покрај тоа што постоела на светскиот пазар,“рече пратеникот од СДСМ , Ненад Коциќ во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

Тој се осврна на сведоштво на пациент кој дал исказ дека им посочувано да не се лекуваат на скопската клиника и лековите да ги набавуваат во Косово и Србија на приватно.
„Ние не сме суд, ние сме комисија со деловник за работа. Заклучоците се однесуваат хронолошки за сите недостатоци, врз основа на тврдењата на сите сведоци и документацијата која што ја дообивме.Токму во времето на СДСМ се појавува биолошката терапија и на сите пациенти на кои им била потребна, таа била набавувана,“истакна Коциќ.
Тој се осврна на тоа дали имало злоупотреба на лековите, крадење и слично, дека тоа е работа која врз основа на закони треба да се докаже. Согласно извештаите се констатирани слабости во фунционирањето во 2021, 2012 и 2008 година на истата клиника .

„Заклучоците се однесуваат на подобрување на системот кој очигледно затајува“,посочи Коциќ.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК