Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Имало ли обид за киднапирање на девојчиња во Карбинци? – Ученичка поканета од момче со неговиот голф да одат на кафе, веднаш реагирала полицијата

Денеска (05.12.2023) во 09.52 часот во СВР Штип од Основно училиште во Општина Карбинци е пријавено дека околу 09.30 часот во училишниот двор со патничко возило „голф“ дошло младо машко лице, кое според пријавеното, поканило ученичка да влезе во неговата кола за да одат на кафе, но таа веднаш се вратила во училиштето и пријавила кај директорката.

Се работи на расчистување на случајот – наведено е во соопштението на СВР Штип.

Претходно неколку медиуми објавија дека бил направен обид за киднапирање на две девојчиња.

Можеби ќе ве интересира

Трагедија: Почина 24 годишен скопјанец – дошол да спие кај другарот, но не се разбудил, а јавен обвинител нареди обдукција

ДЕСК

Избила тепачка меѓу две возрасни жени во Скопје – полицијата најави документирање на случајот

ДЕСК

Со тротинет прегазила скопјанка и побегнала

ДЕСК