Centar.mk
МОЗАИК

Што значи копчето пеперутка на машината за перење: Оваа функција не ја користат многумина, но е многу корисна

Машините за перење имаат различни функции, но многумина од нас дури и не ги користат повеќето од нив. И не само тоа, туку многумина не ни знаат за што служи.

Иконата „пеперутка“ на машината збунила една корисничка на Твитер, па таа побарала да објасни за што служи во коментарите.

„Луѓе, што значи пеперутката на машината за перење? Ве молиме ретвитајте“, напиша таа и доби многу коментари, пишува магазинот Сити.

Помеѓу многуте хумористични одговори кои ја објаснија оваа икона на машината како „пеперутки во стомакот“, имаше и такви кои навистина ја знаат нејзината намена, а тоа е програма за перење нежни/чувствителни алишта (свила, сатен, завеси…) .

Програмата „пеперутка“ не е за многу валкани работи бидејќи трае многу кратко (што зависи од производителот). Служи само за омекнување со млака вода и има минимално центрифугирање.

Можеби ќе ве интересира

ХОРОСКОП ЗА 21 НОЕМВРИ – Три знаци ќе добијат неочекувана шанса, а еден ќе мора да донесе важна одлука

ДЕСК

ГОЛЕМ ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 20 НОЕМВРИ – Еден знак добива неочекувана вест, друг ќе мора да донесе важна одлука

ДЕСК

ПО ДОЛГО ЧЕКАЊЕ, GTA VI ОФИЦИЈАЛНО ПРИСТИГНА – Од полноќ достапна за PlayStation 5 и Xbox Series X|S

ДЕСК