Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за „360 степени“ изнесе критики и порача дека на патот кон ЕУ потребни се реформи во судството и владеењето на правото истакнувајќи дека тие промени „можеби се проблематични за некои одредени интересни групи, но би биле многу добро за граѓаните ако тие одлуки се донесат“.
„Најитната работа која е потребна е да се смени е менталитетот. Земјата навистина треба да сака да стане членка на ЕУ“ рече Коп.
Тој додаде дека земјата треба да биде внимателна во зачувувањето на прореформската демократија, заштитата на слободата на говорот и да ја чува релативната независност на медиумите и дека без овие работи каков било напредок не би бил можен.
Холандскиот амбасадор додаде дека се останато што треба да направи земајва, зависи од нас самите и нашите приоритети.
„Северна Македонија вели дека сака да е членка на ЕУ и затоа треба, во таа рамка, прецизно да ги одреди приоритетите. Јасно е дека за Холандија најголема загриженост е владеењето на правото, но на крајот ова е ваша, а не наша земја“ рече Коп.
Амбасадорот истакна дека реформите ќе почнат со почетокот на преговорите со ЕУ, согласно прифатената преговарачка рамка откако ќе се направат потребните уставни измени.
„Кога оваа рамка е тука, реформите мора да се имплементираат. Рамката е испреговарана, не може да се промени и ако г. Мицкоски вели дека по изборите ќе издејствува подобар договор не мислам дека тоа воопшто е реалистично, дури и возможно“ рече Коп.