22.8 C
Скопје
27. јули 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Холандскиот амбасадор Коп: Ќе ѝ помогнеме на Северна Македонија да ги донесе неопходните одлуки

„Цела оваа опседнатост со уставните измени само дефокусира од неопходните реформи. Уставните измени се билатерален договор меѓу Северна Македонија и Бугарија и нема ништо со нас. Единственото нешто што Европскиот совет кажа е дека кога измените ќе се случат ќе продолжите со преговорите“ рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп во интервју за „360 степени“.

Тој додава дека кога рамката е тука, реформите мора да се имплеменитраат и уште еднаш потенцираше дека таа е испреговарана и не може да се менува.

„Рамката е испреговарана, не може да се промени и ако г. Мицкоски вели дека по изборите ќе издејствува подобар договор не мислам дека тоа воопшто е реалистично, дури и возможно. Северна Македонија го има најдобриот договор што може да го добие“ рече Коп.

Холандскиот амбасадор рече дека е време Северна Македонија да ја оформи својата иднина.

„Сметам дека е исклучително важен момент, дека е дојдено конечно време за Северна Македонија да си ја оформи својата иднина. Крајно време е Северна Македонија да стане господар на сопствената судбина и ние сме тука да помогнеме“ рече Коп.