Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

Асфалтирана улица во Бунарџик општина Илинден

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на локалната патна инфраструктура, со цел да се обезбедат квалитетни услови за живот на граѓаните. За таа цел извршено е асфалтирање на главната улица во населеното место Бунарџик, која го опфаќа пристапот до ПОУ Ристо Крле, Домот на култура и игралиштето за мал фудбал во вкупна должина од 650 метри.

Со градежните активности се изврши целосно реконструирање на улицата и нејзино асфалтирање во вкупна должина од околу 650 метри, се направија отворени одводни канали кои ќе ја зафатат атмосферската вода од локалната улица, како и се поставија цевасти пропусти под трупот на патот, се со цел да се одведе површинската и високото ниво на подземни води.

Оваа улица е од големо значење за жителите на населеното место Бунарџик бидејќи со реализација на овој проект значително ќе се подобри патната инфраструктура во населеното место, ќе се зголеми безбедноста како и ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +

Средба помеѓу Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, претставници на Град Скопје и градоначалникот на Матера, Антонио Николетти

ДЕСК