„Документарците се сериозен медиум за креирање и менување на мислењето на гледачите за одредени теми, многу порелеватни од социјалните медиуми особено во денешно време на лажни вести со кои сме бомбардирани“, вели Котевска во ексклузивното интервју за „Независен“
„Најмногу ме сменија посетите на камповите. Кога предолго поминуваш со тие луѓе почнуваш да се чувствуваш виновен за сопствениот живот и за тоа што ти доаѓаш од некаков мир. Треба некое подолго време да го надминеш тоа чувство“, вели режисерката Тамара Котевска (30) за својот, нов, втор документарец „Одејќи пеш“ , најавен на 80. Венецијански фестивал во септември, а промовиран во Њујорк во ноември, во ексклузивното интервју за „Независен“.
Каде и да се свртиш, во Скопје, Венеција или Њујорк, Котевска испишува историја. Со „Медена земја“ стигна до две историски номинации за „Оскар“, со новиот „Одејќи пеш“ во Венеција , легендарната модна дизајнерка и активистка Дајан фон Фирстенберг ја најави како „најневеројатниот филмаџија и борец за слобода“. Таму, Котевска беше првиот автор од Македонија, кој одржа свечен говор за филмови, кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена.
За филмското „патешествие“ како филмаџија и човек од бегалските кампови на турско-сириската граница, низ 15 земји, во 97 градови, и 9.000 км околу светот – до будење со кафе со поглед на Њујорк, Котевска, за „Независен“, по четири интервју за американски медиуми, ја откри и својата лична приказна со бегалците, како Америка го сменил животот на подобро и на Асил и на Атиџе и како никој не верува дека славните личности би си го трошеле времето и парите на маргинализираните групи.
Целото интервју прочитајте го на следниот линк:
Извор: Независен.мк