Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+БИЗНИС

Тутунарите од прилепско бележат рекордни откупни цени, за 2024 година добиваат 100% поддршка за зелената нафта

Согласно податоците на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, откупот на суров тутун од реколтата 2016 бил со просечна откупна цена од 196,83 денари за килограм. Минатата година пак откупната цена беше 288,09 денари од килограм.

Како дел од мерките за тутунарите министерот Љупчо Николовски најави и дека во 2024 година Владата 100 отсто ќе ја покрие зелената нафта за земјоделците во кои ќе бидат вклучени и тутунопроизводителите, што значитечно ќе ја зголеми нивната добивка.

-Во 2024 година ќе обезбедиме и зелена нафта за тутунарите со 100 отсто поддршка за зелената нафта. Ова е наменска мерка која дава резулта – изјави рече министерот Николовски.

Мерката за зелена нафта почна пред четири години кога се покриваа 30 отсто, минатата година поддршката достигна 50 отсто, а од следната ќе се покриваат 100 отсто.

Инаку спред мерките за откуп на тутун на Министерството за земјоделие, договореното производство на тутун во 2023 година е зголемено за околу 9 отсто во споредба со реколтата од 2022 година, пред се поради зголемување на површините со тутун за околу 85 хектари. Бројот на склучени договори е исто така зголемен за 1.192, што е за околу 4 отсто.

Според сумираните податоци внесени во електронскиот систем за евиденција на тутун ИСЕТ со состојба од 28.04.2023 година од страна на регистрираните откупувачи на тутун, годинава се очекува производство на околу 26.504 тони суров тутун во лист, што претставува зголемување за околу 2.400 тони во однос на договорените количини од реколта 2022 година кога изнесувало 24.098 тони.

Состојбите во тутунопроизводството се доста сменети на подобро во последниве години, вели Иса Имеровски, тутунопроизводител од село Дебрештане, кој заедно со останатите тутунари очекува Владата да продолжи да ги подржува и да посредува меѓу компаниите и здруженијата, со цел уште повисоки цени за тутунот при откупот на овогодинешната реколта.

-Пред 2017 година додека ние чекавме во тутунските компании на минусни температури од -10 и спиевме тука за да можеме да го предадеме тутунот, ценачите од компаниите ни ги земаа парите, и не уценуваа на сметка на нашата макотрпна работа. Од минатата година откупот на тутунот е во подобра ситуација. Лани се откупи по брза постпака и по добри услови. Годинава ние не бараме ништо повеќе од тоа. Бараме истото како лани да се повтори и оваа година со минимално покачување од 20 до 30 отсто -вели Иса Имеровски.

Спонзорирано: