27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: 8,1 милиони евра се обезбедени за земјделците, 36 милиони евра за пензионерите во деветиот пакет антикризни мерки се вклучени сите граѓани на државата

Во „Студио 10“ на ТВ24 – Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска го истакна антикризонот пакет мерки кој ги вклучува сите граѓани со цел да се овозможни подбар животен стандард на сите граѓани.

„8,1 милиони евра се обезбедени за земјоделците а тоа не е пред изборно ветување туку една реалност која опфаќа 46 илјади земјоделци од државата и секако обезбедени се 36 милиони евра за пензионерите за различи групи на пензионери а тоа значи тие што земаат најниски пезнии ќе добиваат по 3000 денари секој месец, тие со пензии од 14,000 до 16,000 илјади денари ќе добиваат по 2,000 денари месечно додека пак тие со пензии од 16,000 до 19,000 илјади денари ќе добиваат по 1 500 денари месечно. Но и тоа не е се, во Март 2024 ќе постои ново усогласување на пензиите и тие ќе пораснат дополнително’’ – истакна министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска

Тречевска рече дека ВРМО само прави лажни ветувања на граѓаните, не е реално да има зголемување на пензиите за 5,000 денари – тоа ќе предизвика лабиност во нашиот стабилен пензиски систем. Нивните лаги се исти како и претходно, само празно ветување и немањето можност за реализација.

„Системското решение коешто го предлага СДСМ обезбедува постојано зголемување на пензиите и платите кое води кон долгорочен успех и подобар животен стандард за граѓаните’’ – посочи Тренчевска.