Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Тренчевска: 662 милиони евра за антикризни мерки за студентите, пензионерите, земјоделците и самохраните родители

„На вчерашанта седница на Влада го донесовме деветиот пакет антикризни мерки кој ги опфаќа: студентите, пензионерите, земјоделците и самохраните родители. Секако тука се опфатени и јавниот и приватниот сектор. Овој пакет на антикризни мерки не е направен за изборите туку за граѓаните ‘’ – истака Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Студио 10’’ на ТВ 24.

Тренчевска рече дека овие мерки не се финансирани од кредити, туку си ги има во програмата на антикризните мерки и не постои можност за да се јави било каков дефицит во финансиите. Исто така и наредната година продолжува мерката за електрична енергија и субвенционирање на сметките за електична енергија на семејства со ниски примиња.

„ВМРО може да прави само популистички и нереални објави само да ветува а според експертите е невозможно да се каже дека ќе има зголемување од 5,000 денари – тоа значи дека ќе го доведе во прашање стабилноста на пензискиот ситем и ќе ја држи државата затворена. ВМРО се обидуваат да добијат поени кај граѓаните пред изборите. Ова е само уште една нивна манипулација кој народото’’ – истакна Јована Тречевска

Тречевска посочи дека системското решение обезбедува една кознистенција и во зголемувањето на платите и пезниите и тоа води кон долгорочен успех со цел да се озвможи подобар животен стандард за граѓаните“

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК