Centar.mk
БИЗНИС

Шведска влезе во рецесија: Последица на намалени залихи и помала потрошувачка на домаќинствата

Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија падна за 0,3 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, по падот од 0,8 отсто во претходниот квартал, објави денеска Шведскиот институт за статистика – SCB.

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред се последица на намалувањето на залихите и помалата потрошувачка на домаќинствата.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, додека потрошувачката на општата влада не се менува. Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто.

Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти. Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално ниво, додека увозот е намален за 1,5 отсто. На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

Јаневски на Копаоник бизнис форум: Победуваат оние што настапуваат организирано на пазарот, инвестираат и имаа јасна стратегија 

C +

„Иднина која инспирира“: dm лансира платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата

C +

Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП во четвртиот квартал од 2025 година е потврда на одговорниот пристап на Владата и позитивните економски движења

C +