Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Марковска: Без разлика што ВМРО е против ЕУ и уставните измени – тие мора да се решат

„ Мене ми е жал што суштински не се разбира смислата и значењето на една добробит за државата – без разлика колку и да прави ВМРО притисоци и колку и да не ја прифаќаат ЕУ иднината и да се против уставните измени – тие мора да се решат и да добијат позитивно светло’’ – рече поранешната пратеничка д-р Ѓулистана Марковска во „Студио 10’’ на ТВ 24.

Марковска истака дека за нас е значајно што како држава членка на НАТО сме спремни да организраме еден ваков настан и воедно да испратиме од центарот на Скопје една порака за мир и да формулираме јасни и прецизни заклучоци а не да го делиме народот на американски или руски. Сепак не живееме во 1948 година, ова е 2023 година и сите треба да имаме за цел да испратиме мировна порака.

„Мене ми е жал што делегации се откажаа од присуството поради доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Лавров оти сите конфликти на крајот се завршуваат на зелена маса’’ рече Марковска.

Марковска додаде дека за нас е значајно што после 32 години од осамостојувањето на државата, Македонија органзира еден ваков Самит кој ќе оди во прилог на збогатување на демократијата, изгласување на буџетот и решавањето на воените кофликти.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +