Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Дујовски: Средбата на самитот ОБСЕ е неспоредлива со ниедна претходна

„ Реално беше стравувањето дека ОБСЕ може да згасне и среќа е што Малта се согласи да биде претседател на организацијата во следниот период. Нашата држава има огромна корист од ОБСЕ и таа добила повеќе средства отколку што ќе потроши на организација на оваа конференција. Оваа средба е неспоредлива со ниедна претходна – се подготвува скоро цела година и сигурно ќе помине во најдобар ред’’ – рече универзитетскиот професор Никола Дујовски во „Стиудио 10’’ на ТВ 24.

Дујовски истака дека нема потреба граѓаните да стравуваат за нивната безбедност туку напротив треба да се чувстуваат безбедно оти се вклучени сите оддели за обезбедување и исто така тие соработуваат со обезбедувањето од ВИП личностите.

„ Од социо-политички аспект сигурно ќе доминираат темите за војните Украина и Русија и Израел и секако ќе се разгледува можноста за вклучување на некоја неутрална сила. Исто така неопходно да нагласиме дека Лавров, министерот за надворешни работи на Русија не доаѓа на посета во Македонија туку доаѓа во земја членка на самитот на ОБСЕ’’ – додаде Дујовски.

Дујовски рече дека нашата улога како држава е да се претставиме во позитивно светло и да имаме точни и јасни формулирани заклучоци и секако дека ќе испратиме едно зело светло за подобар соживот и мир од центарот на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +