Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маркоска: ДПМНЕ да не бега, веднаш да закажат седница на Комисијата за Онкологија

Интегрален тескт од денешната прес-конференција на Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ:

Трет ден ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи бегаат, откако направија срамна злоупотребата на Анкетната комисија.

Бараме веднаш да се закаже седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија.

ДПМНЕ не може да побегне од вистината. ДПМНЕ не може да побегне од јавноста.

Ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија.

Јавноста гледа дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.

Замислете, откако ги фативме како сакаат да ја злоупотребат анкетната Комисија три дена ДПМНЕ бегаат од комисијата којашто ја води претседателка од нивната партија.

Се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја залоупотребува во политички цели.

Наместо да бегаат, ДПМНЕ веднаш да ја свикаат седницата на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија.

Како пратеници и членови на Комисијата имаме обврска пред граѓаните, пред пациентите да донесеме соодветни заклучоци и да ја информираме јавноста.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ МАЛОЛЕТНИК ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Полицијата приведе 45-годишен маж

ДЕСК

12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ПРИЈАВЕНО ЗА ИСЧЕЗНАТО, ПА СЕ ВРАТИЛО ДОМА – Мајката тврди дека малолетник против нејзина волја ја заклучил во автомобил

ДЕСК

ЈА НАПАДНАЛ СОПРУГАТА И Ѝ НАНЕЛ ПОВРЕДИ, СПОРЕД ПОЛИЦИЈАТА – Кривична пријава против 42-годишник од Гостивар

ДЕСК