Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Дујовски: Средбата на самитот ОБСЕ е неспоредлива со ниедна претходна

„ Реално беше стравувањето дека ОБСЕ може да згасне и среќа е што Малта се согласи да биде претседател на организацијата во следниот период. Нашата држава има огромна корист од ОБСЕ и таа добила повеќе средства отколку што ќе потроши на организација на оваа конференција. Оваа средба е неспоредлива со ниедна претходна – се подготвува скоро цела година и сигурно ќе помине во најдобар ред’’ – рече универзитетскиот професор Никола Дујовски во „Стиудио 10’’ на ТВ 24.

Дујовски истака дека нема потреба граѓаните да стравуваат за нивната безбедност туку напротив треба да се чувстуваат безбедно оти се вклучени сите оддели за обезбедување и исто така тие соработуваат со обезбедувањето од ВИП личностите.

„ Од социо-политички аспект сигурно ќе доминираат темите за војните Украина и Русија и Израел и секако ќе се разгледува можноста за вклучување на некоја неутрална сила. Исто така неопходно да нагласиме дека Лавров, министерот за надворешни работи на Русија не доаѓа на посета во Македонија туку доаѓа во земја членка на самитот на ОБСЕ’’ – додаде Дујовски.

Дујовски рече дека нашата улога како држава е да се претставиме во позитивно светло и да имаме точни и јасни формулирани заклучоци и секако дека ќе испратиме едно зело светло за подобар соживот и мир од центарот на Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Предложен притвор за осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Марино

ДЕСК

Мицкоски: На владина седница помина Колективниот договор којшто државните институции ќе го потпишуваат со вработените, за две години вработените ќе имаат за 40% повисока плата

ДЕСК

Лимани: Потпишавме историски Колективен договор – прв што ова министерство го потпишува, со кој платите растат до 21% и се предвидуваат бројни придобивки за вработените

ДЕСК