Centar.mk
БИЗНИСвест

Продолжува субвенционирањето на струјата – 90% ќе ја субвенционираме цената на струјата за домаќинствата

„Продолжуваме и со мерката за субвенционирање на струјата, со што продолжуваме 90% субвенционирање на цената на струјата! Овозможуваме субвенционирана цена на електричната енергија за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, за што проценката е дека ќе бидат потребни 35 милиони евра“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека продолжува и субвенционирањето на топлинската енергија, односно парното за 63 илјади корисници во Скопје. За оваа мерка предвидени се 7,4 милиони евра.

„Продолжуваме со Финансиската поддршка за сметките за струја која е предвидена за домаќинства со ниски приходи – корисници на ГМП и социјална пензија, за кои поддршката изнесува 1.200 денари месечно во наредните 6 месеци. Со оваа мерка се опфатени над 50.000 корисници со вкупен износ од 5,9 милиони евра“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека исто така предвидени се и средства за поврат на ДДВ, преку мерката Мој ДДВ, за што се предвидени 42,2 милиони евра со кои се опфатени речиси 540 илјади корисници.

Можеби ќе ве интересира

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот да надмине 420 денари за килограм

ДЕСК

Машина за перење што знае што има во бубањето: Како вештачката интелигенција го менува перењето

ДЕСК

МФ: Усвоени измените на Законот за јавните набавки – поголема транспарентност и поефикасно трошење на јавните средства

ДЕСК