Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата и натаму трага по 14 годишното девојче од Скопје – Апел да не се шират дезинформации!

Синоќа полицијата објави дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако вчера во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

Од полицијата информираа дека МВР ги вклучи сите капацитети на СВР Скопје на највисоко можно ниво.

Од МВР информираа дека извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн.

Истрагата продолжи интензивно и ноќеска.

– Апелираме да не се шират дезинформации, велат од полицијата, а најавија и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.

Можеби ќе ве интересира

Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

C +

Мицкоски до Филипче: Сто пати ви кажав, за ЕУ нема да водиме мекотелна политика

C +

Филипче: Од Владата на Мицкоски граѓаните веќе не може да очекуваат ништо, можеби банкрот

C +