Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Направете зимска проверка на возилото

Проверката на подготвеноста на возилото за зимски услови на патиштата е неопходна и многу значајна затоа што може значително да придонесе за намалување на несакани последици и зголемување на личната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Зимската проверка на возилото опфаќа:

 ПРОВЕРКА НА АНТИФРИЗОТ – проверката на течноста што се користи во системот за ладење на вашиот автомобил може да спречи многу проблеми особено во зимски услови, затоа почесто проверувајте го нејзиното ниво.
 ПРОВЕРКА НА БРИШАЧИТЕ И ТЕЧНОСТА ЗА БРИШАЧИТЕ НА ВЕТРОБРАНСКОТО СТАКЛО – ветробранското стакло во зимски услови на патот често е замрзнато или извалкано со кал, дожд или снег, па затоа важно е да се направи проверка на исправноста на бришачите и течноста за бришачите со цел ветробранското стакло секогаш да е чисто.
 ПРОВЕРКА НА АКУМУЛАТОРОТ – во зимски услови чести се случаите на празнење на акумулаторите, затоа проверете ги каблите и течноста на акумулаторот на вашето возило, а по потреба заменете го акумулаторот со нов.
 ПРОВЕРКА НА ПНЕВМАТИЦИТЕ – заменете ги летните пневматици со зимски и направете проверка на притисокот на пневматиците, зимските пневматици подобро прилегнуваат на влажни, замрзнати и лизгави коловози.
 ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТЕЧНОСТ ИЛИ СПРЕЈ ЗА ОДМРЗНУВАЊЕ НА СТАКЛО, БРАВИ ИТН. – стаклата на вашиот автомобил треба да се секогаш чисти и одмрзнати (особено ветробранското стакло), а бравите и вратите да се отвораат без проблеми.
 ПРОВЕРКА НА ГОРИВОТО – заради можните чести запирања или возење во погуст сообраќај, важно е секогаш да имате и доволно гориво во возилото затоа што горивото побрзо се троши при вакви ситуации.

Доколку не сте во можност сами да ги направите проверките, посетете сервис за автомобили.

РСБСП апелира: Внимавајте на зимските услови на коловозите! Бидете одговорни и подгответе се за безбедно возење во зима.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК