Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со мерките на Владата се одржува ликвидноста на компаниите и се поттикнува конкурентноста

„Со конкретни мерки ја одржуваме и ликвидноста на компаниите, ја поттикнуваме конкурентноста, обезбедуваме поддршка за инвестиции во обновливи извори. За поддршка на приватниот сектор во овој пакет се предвидени 492 милиони евра“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека во рамките на последниот пакет антикризни мерки се предвидени поволни заеми за мали и средни претпријатија во износ од 10 милиони евра, за инвестиции во проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори, преку издавање на зелена обврзница.

„Го прошируваме опсегот на компании корисници на гарантната шема од Гарантниот фонд на Развојната банка, преку олеснување на критериумите за аплицирање, за што се предвидени 39 милиони евра. Во соработка со Европската Инвестициона Банка предвидуваме поволна, седма кредитна линија за зелена транзиција вредна 100 милиони евра, за инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори, по принципот 1+1“ рече Ковачевски.

Премиерот исто така кажа дека во соработка со Француската агенција за развој, предвидена е поволна кредитна линија во износ од 50 милиони евра, за поддршка на женско претприемништво, дигитализација и проекти со што придонесуваат за намалување на негативните ефекти од климатските промени и проекти со позитивен придонес за животната средина.

Во соработка со Банката за развој на Советот на Европа, планирани се 50 милиони евра за поволни заеми за мали и средни претпријатија создавање и зачувување на работни места, поддршка на женско претпримеништво, за зелени инвестиции.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК