14. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАвест

Известување за неработни денови на царинските испостави на подрачје на град Скопје

Согласно донесениот заклучок на седница на Владата на Република Северна Македонија, а по повод Триесеттиот министерски состанок на ОБСЕ, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територија на град Скопје на 29.11.2023 година (среда) да заврши во 12 часот, а 30 ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација на подрачјето на Град Скопје.
Во таа насока, известуваме дека царинските испостави на подрачје на град Скопје: ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Скопје 4 и ЦИ Пошта Скопје, во среда (29.11.2023) после 12 часот и во четврток (30.11.2023) нема да работат.

По исклучок и по претходна најава во случај на потреба за итно и неодложно царинење на лесно расиплива стока, стока од земјоделско или животинско потекло, како и за стока неопходна за процесот на производство и за општо опасни и лесно запаливи материи, во горенаведените испостави ќе бидат организирани дежурни екипи за увозно царинење.

Ги потсетуваме економските оператори и царинските застапници дека согласно одредбите од член 146 став 1 точка б од Уредбата за спроведување на царинскиот закон и точка 15 од Упатството за спроведување на постапка за увозно царинење, увозната царинска декларација во форма на електронска порака во редовна постапка може да се поднесе во редовно работно време на царинската испостава каде ќе се спроведе царинењето.

Поедноставените постапки за економските оператори се спроведуваат согласно издадените одобренија за поедноставни постапки.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Кога институциите молчеа, ние ја кренавме вистината за Кочани

ДЕСК

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

ДЕСК

Филипче од Виница: ВМРО-ДПМНЕ ја остави Виница без ниту еден проект, во долгови, смет и зголемени сметки

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.