Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Дали на вредностите на Енвер Хоџа ќе почива коалицијата ДПМНЕ-Левица?

-Мицкоски ги симна маските на ДПМНЕ и јавно призна дека е за коалиција со Левица, која отворено е против НАТО и ЕУ. Дали коалицијата ДМПНЕ-Левица ќе почива на вредностите на диктаторот Енвер Хоџа? Може и Мицкоски следната година да оди да му се поклони на диктаторот Енвер Хоџа како што тоа го направи Апасиев, соопшти СДСМ.

„Вистинските вредности за кои се залага Мицкоски се исти како оние на неговиот потенцијален коалициски партнер, антиевропската Левица.

Од партнер на демократскиот свет, на САД и ЕУ сакаат да ја вратат државата во времето кога беше изолирана и заробена.

Мицкоски е во дил со партија која е против НАТО и ЕУ и фактор на дестабилазија, изолација и загрозување на европскиот пат на земјата.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК