Centar.mk
БИЗНИС

РКЕ СО ОДЛУКА: Ќе поевтинат горивата, еве за колку

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)
изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 75,50 ден/лит.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА! Ограничување на литража при купување на гориво во бензински во Словенија

ДЕСК

Вечерва нов драстичен раст на цените на нафтата

ДЕСК

Рудник САСА ја започна еко кампањата „Твојата грижа за планетата вреди х2“

ДЕСК