Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Посебен режим на сообраќај во вторник во Скопје

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека на 28.11.2023 година (вторник) од 09 до 12часот, поради одржување на генерална проба во врска со 30-тиот Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) 2023 година во СРЦ „Борис Трајковски“. кој ќе се одржи од 29.11.2023 во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Имено за сообраќај ќе бидат затворени следните улици: бул.„Илинден“ од крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Љубљанска“ и бул.„8-ми Септември“ од крстосница со ул.„Скупи“ до крстосница со бул.„Партизански Одреди“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +