Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Над 50.000 граѓани примиле вакцина против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека над 50 илјади граѓани примиле вакцина против сезонски грип, а 59 илјади граѓани досега аплицирале за бесплатна вакцинација.

Во центрите за јавно здравје и здравствените домови континуирано се врши имунизација против сезонски грип, а со бесплатна вакцинација се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход, особено кај ризичните групи. Со воведувањето на вакцинацијата како мерка за заштита постигнати се најдобрите резултати во историјата на медицината. Признаена е како една од најуспешните и најекономични здравствени мерки во светот што создава колективен имунитет.

Заинтересираните граѓани може да се пријават за бесплатна вакцинација со пополнување на апликацијата на официјалната веб-страница https://vakcinacija.mk, a потоа преку СМС-порака добиваат повратна информација за точните датум, час и место за вакцинација.

Годинава, Министерството за здравство ја зголеми количината купени вакцини, при што се купени 60.000 дози четиривалентни вакцини против сезонски грип наменети за бесплатна вакцинација.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК