Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кривични против вработени во Шумското стопанство „Лопушник“-Кичево, предизвикале штета од 334.758 денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против 64-годишниот З.К. и 39-годишниот С.С., двајцата од Кичево, вработени во Шумското стопанство „Лопушник“-Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, извести МВР.

„Двајцата, во текот на 2022 година, со пропуштање на должен надзор во рамките на своите овластувања, овозможиле двојно книжење и двојно плаќање на фактури кон правен субјект од Скопје, со што на ЈП „Национални шуми“ му предизвикале штета од 334.758 денари“, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК