Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Колева: ВМРО не ги поддржува законите за македонскиот јазик и прави опструкција

„ВМРО прави опструкција и цело време се обидува да шири лажни вести помеѓу граѓаните и наместо да направат нешто свое тие ги превземаат проектите од страна на СДСМ и си ги кажуваат веќе реализираните проекти како свои – што е случај со градинките коишто се изградени од страна на министерството за труд и социјална политика а градоначалниците на ВМРО си ги додаваат како дел од нивните програми’’ – рече Колева, пратеничката од СДСМ во „Студио 10’’ на ТВ 24.

Колева додаде дека ВМРО не ги поддржа законите за македонскиот јазик, ниту ја гласаа стратегијата за еднакви права и дека тие ја враќаат наназад државата и шират лаги помеѓу народот, но народот ги препознава нивните подли политики.

Пратеничката рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ застанала против граѓаните при гласањето за тн. Француски предлог, кога наместо да избират подобар живот за граѓаните тие свиреа и довикуваа кон претседателката на Европската комисија.

„Не конзистентноста во нивните ставови – ја враќа државата назад, Мицкоски изјави дека карамболот во собранието од страна на левица бил договорен со СДСМ, за истата вечер тој да даде изјава дека е во коалиција со нив – навистина дегутантно и подмолно ‘’ – додаде Колева.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК