22.8 C
Скопје
21. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Колева: До сега имаме реализирано 90 отсто од програмата, народот тоа го препознава

„СДСМ како партија на власт, стои зад граѓаните и ги реализира своите проекти. Програмата по којашто работи СДСМ до сега е реализирана 90% а, народот тоа го препознава затоа што народот ја разбира искрената политика на владејачката партија која на прво место го става гласот на граѓаните“ рече пратеничката од СДСМ, Даниела Колева во „Студио 10“ на ТВ24.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ од друга страна прави опструкции и шири лажни вести меѓу граѓаните, наместо да работат за нив.

„ВМРО-ДПМНЕ прави опструкција и цело време се обидува да шири лажни вести помеѓу граѓаните и наместо да направат нешто свое тие ги преземаат проектите од страна на СДСМ и си ги кажуваат веќе реализираните проекти како свои – што е случај со градинките коишто се изградени од страна на министерството за труд и социјална политика, а градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ си ги додаваат како дел од нивните програми ’’ – рече Колева.

Колева додаде дека ВМРО не ги поддржа законите за македонскиот јазик, ниту ја гласаа стратегијата за еднакви права и дека тие ја враќаат наназад државата и шират лаги помеѓу народот, но народот ги препознава нивните подли политики.

Пратеничката рече дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ застанала против граѓаните при гласањето за тн. Француски предлог, кога наместо да избират подобар живот за граѓаните тие свиреа и довикуваа кон претседателката на Европската комисија.

„Тие се партија којашто никогаш немала проевропска политика и ја држат државата затворена“ рече Колева