Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Костадиновска-Стојчевска: Со фестивалот „Музика на светот“, Битола покажува дека е дел од глобалните процеси за обединување

„Чест ми е што вечерва сме овде, и 15-та година преку фестивалот ‘Музика на светот’ , Битола покажува дека е дел од глобалните процеси за обединување на светот, преку музиката и културата“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на фестивалот во Битола.

Таа додаде дека особено радува тоа што преку овој фестивал и придружната програма, Битола покажува и подготвеност на високо ниво да се вклучи во европските процеси на поддршка на младите локални автори, и да ги поврзе националната со независната сцена.

„Интегрирани, отворени кон светот, го честитам овој јубилеј, и се гордеам што Битола гради култура на европски центар, отворен за светските имиња“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека музиката има благородна мисија и дека низ целиот 20 век, таа извршила огромно влијание за надминување на границите и конфликтите, отвора дијалог, предупредуав и соопштува.

„Широкиот поглед на уметниците кои ги прекршуваат стиловите и стереотипите, му посочуваат на човештвото дека секогаш има нови решенија за ширење на хумани идеи. Тоа е причина плус уште повеќе да го цениме и вреднуваме вашиот труд и придонес за обединување“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката додаде дека поради тоа ќе продолжи поддршката за оваа мисија и визија со која светот станува подобро место за живеење и ветува подобро утре.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК