26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи: Нема да прифатам да бидам технички премиер само по цена на тоа дека сум Албанец

Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи говорејќи за можноста да биде технички премиер во интервју за „Трилинг“ истакна дека доколку се бара профил како што тој има изградено тогаш е подготвен да одговори позитивно, но не по цена функцијата да му биде понудена само затоа што е Албанец.
„Јас сум кажал на неколку наврати дека ако, бидејќи тоа е договор коалициски, помеѓу двата коалициони партнери, а тоа е СДСМ и ДУИ, ако евентуално се бара профил како што Фатмир Битиќи овие години го има изградено и покажано и таков профил треба да биде поставено, јас сум спремен да одговорам позитивно, но секако не по цената само затоа што сум Албанец“, изјави Битиќи одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде премиер на Пржинската влада.

Вицепремиерот Битиќи во интервјуто зборувајќи за можноста за коалиција со ДУИ, истакна дека СДСМ има демократски капацитет да разговара со сите политички чинители, вклучително и опозицијата, што според него е несвојствено за опозицијата, притоа најавувајќи дека наредниот месец ќе има преговори околу датумите за одржување на претседателските и парламентарните избори.

„Ние како политичка партија прво имавме став дека треба да имаме одвоени избори, а тоа е првично претседателски, а после парламентарни, но ние го покажуваме нашиот демократски капацитет за да разговараме со сите други политички чинители, дури и со опозицијата којашто несвојствено е научена дека треба да седнува да преговара и разговара. Претседателот на СДСМ најави дека во декември ќе има преговори за датумите за претседателските избори и дискусија дали може да се заеднички изборите. Сметам дека тоа го покажува нашиот демократски капацитет да преговараме, несвојствено за другите партии“, изјави Битиќи во интервју за емисијата „Трилинг“.