Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СНЕГОТ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Цистерна се излизга на пат, надлежните на терен

Цистерна се има излизгано надвор на патот Гостивар – Маврово, каде што во моментот има врнежи од снег.

Од ЦУК велат дека од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец. Истовремено, од ЦУК им е даден контакт на дежурните во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од лицето кое управувало со цистерната за да можат да ја одредат точната локација каде што се наоѓа цистерната, велат од ЦУК.

Можеби ќе ве интересира

Каква храна јадеме? Ако и етикетата лаже, на што да веруваме: Нов аларм за храната што ја конзумираме

ДЕСК

ВЕТЕР ДО 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС: Се очекуваат најсилни удари во западните делови – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК