Актуелниот градоначални на Велес од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, иако во кампањата за локалните избори 2021 година кога и го презеде раководството на општината, на граѓаните им вети 213 проекти, две години подоцна овие ветувања останаа само напишани на хартија.
-Изминатите две години од мандатот на локалната власт на ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Марко Колев резултират со НУЛА резултати. Иако не реализираа ништо од ветеното, Колев и ВМРО-ДПМНЕ удрија по џебот на велешани и ги поскапеа сметките на локално ниво. На велешани локалната вас на ВМРО-ДПМНЕ им ги поскапи цените за собирање на отпад за 100 %, пишува Фтонтлајн.мк
„Улиците во Велес се постојано во мрак, градот е нечист и не се развива. Иако ветуваше нова детска градинка, и ова ветување ВМРО-ДПМНЕ и Марко Колев не го исполнија“, вели за „Фронтлајн“, Д.С граѓанин на Велес.
– Загрозена е сигурноста и безбедноста на граѓаните, затоа што две години Велес е во мрак, во црна темница без улично осветлување и покрај тоа што граѓаните и фирмите уредно плаќаат сметки, вели Даница Чадиева, претседателка на Општинската Оорганизација на СДСМ – Велес.
ВМРО ДПМНЕ и Марко Колев ги изневерија велешани – за две години не реализира ниту еден од ветените проекти на локланите избори 2021 година: нова детска градинка, нова катна гаража кај авотбуската стануца во Велес, проектот за подземна гаража, Дом за стари лица, Дом за деца без родители, реконструкција на Градски парк, нова велосипедска патека, не е решен пробелмот со кучињата скитници…
Актуелниот градоначалник на Велес од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Марко Колев, на Локланите избори 2021 година пред велешани се обврзуваше за реализација на над 213 проекти: нов Развоен истражувачки центар, подземна гаража, нова индустриска зона, три нови спортски комплекси, велосипедски патеки и реконструкција на патот до езерото Младост, нов ГУП, уредување на кејот на Вардар.
„Во програмата која заедно ја изработивме со граѓаните, нудам многу проекти, а воедно и решенија за проблемите кои ги мачат нашите сограѓани. Не ветувам ништо што не можам да го реализирам, a ќе реализирам многу повеќе од ветеното. Ајде да работиме сите заедно, ајде да го вратиме Велес на картата на силни градови, aјде да го вратиме Велес на пиедесталот, на град со најмногу реализирани капитални проекти, најмногу инвестиции, град со најголема поддршка за спортот, културата и младите, Велес за сите граѓани“, со овие зборови Колев на локалните избори во 2021 година го бараше гласот на граѓаните на Велес.
Дестан Јонузи
Извор: Frontline.mk