Centar.mk
фото Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Системскиот раст на платите и пензиите ни беше приоритет, за година и пол пензиите пораснаа за 25 отсто

„Кога дојдов како Министерството за труд и социјална политика пред 2 години, една од приоритетните работи и на Владата и мене ми беше Методологија, системско решение и за минималната плата и за пензиите“ рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во „Утрински печат“.

Таа додаде дека и тие би сакале да направат скок на пензиите од шест илјади денари, но треба да се земат предвид сите услови на економијата и државата и токму затоа системското решение ќе даде резултати на среден и долг рок.

„Ние ако ги погледнеме колку беа пензиите во јануари 2022 година и денес колку се, ќе видиме дека навистина имаме раст на пензиите. За година и пол растот на пензиите е 25 отсто“ рече Тренчевска.

Министерката додаде дека како што расте просечната плата, така растат и пензиите со новата Методологија и во моментов најниската пензија е 13.200 денари.

„Првото решение кое им е за пензионрање, износот на пензијата им е 4, 5, 8 илајди, но затоа што сме одредиле најниска граница на пензија државата ги субвенционира овие граѓани до оваа сума која денес е 13.200 денари. Не е правото остварено на овој износ, туку на многу понизок“ рече Тренчевска.

Можеби ќе ве интересира

Европско истражување: 80% од македонските граѓани не би го сменале политичкото убедување за пари

ДЕСК

СДСМ: Истече рокот за исполнување на Реформската агенда, се потври уште една лага на Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан- МЕФ 2026

ДЕСК