Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Помина половина градоначалнички мандат, а клучните ветувања неисполнети! Еве што беше ветено, а не е остварено во Велес

Пред 2 години кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ под слоганот „Создади нова иднина“ излегоа со амбициозни програми за развој на општините, но граѓаните не гледаат резултати на дело. Нема проекти, но има повисоки сметки за граѓаните.

Така е и во Велес, локалната власт удри по џебот на велешани со поскапување на сметките за собирање отпад за 100 проценти.

Проектите останаа во програмата, ги нема на дело

Ветувањето за нова детска градинка не е исполнето. Ја нема ниту најавената катна гаража кај автобуската станца, а не е почнат ниту проектот за подземна гаража.

Едно од ветувањата беше и нов Дом за дтари лица, кое исто така остана неисполнето.

Ја нема новата велосипедска патека, а улиците во градот се во мрак и нема функционално осветлување, и покрај тоа што граѓаните уредно плаќаат сметки.

Велешани се жалат и дека градот е нечист, иако се зголемини сметките за граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

БРИСЕЛ СО КРИТИКИ, МИЦКОСКИ СО СПРОТИВЕН СТАВ – Нов спор за Кривичниот законик

ДЕСК

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК